Дербито меѓу Вардар и Шкендија ќе се игра уште во второто коло од новата сезона!
„Црвено-црните“ шампионската одбрана ќе ја почнат на домашен терен против повратникот во елитата, Брегалница, но вистинските предизвици следуваат веднаш потоа. Во второто коло на арената во Скопје ќе гостува Шкендија во првото големо дерби на сезоната, додека во третата рунда вардарци ги чека и првото гостување и тоа кај Струга, еден од главните кандидати за највисок пласман. Ова значи дека првакот уште во првите три кола ќе се соочи со два директни ривали во битката за врвот, што може значително да влијае врз понатамошниот тек на сезоната.
Новото првенство во Првата лига ќе стартува на 25 јули, а есенскиот дел ќе заврши на 12 и 13 декември, по што екипите ќе заминат на зимска пауза. Сезонава се игра според четирикружен систем, односно екипите против секој ривал ќе играат по двапати дома и двапати на гости.
