Седлоски: Да го оставиме лошото зад нас, верувам дека доаѓаат подобри денови!
Неговите размислувања доаѓаат по двете пријателски средби против БиХ (0-0) и против Турција (0-4), а во пресрет на почетокот на настапите во Лигата на нации.
„На последните два натпревари повикав повеќе фудбалери и од македонското првенство, сите добија шанса.. Од младата репрезентација бараме да начин да се поправи ситуацијата, можеби ќе излезе некое име што ќе нѐ изненади и ќе биде повикано, што не е случај засега. Јас сега не сум во Вардар и повеќе ќе ги следам сите генерации и сѐ што е квалитетно ќе го употребам да бидеме подобри. Се знае кога некој игра за репрезентација треба да има претходно резултати. Атмосферата мислам дека е добра и покрај поразот од Турција која е силна и треба да сме искрени за тоа. Ќе имаме тешки предизвици во Лигата на Нации кои сигурно ќе бидат тешки, јас знам дека тие што ќе бидат тука ќе го дадат максимумот. Но, важно е да го оставиме лошото зад нас, верувам дека доаѓаат подобри денови“, изјави предводникот на националниот тим.
Свој коментар околу моменталната ситуација со фудбалерите кои треба да се наметнат за националниот тим даде и поранешниот легендарен напаѓач, Гоце Христов, кој сега ја има функцијата директор на младинските репрезентации.
„Не бев изненаден од ситуацијата што ја начекав, знаев што ме чека. Од кога дојдов, исполнивме неколку чекори како репрезентацијата до 20 години и тие даваат резултати. Денешната селекција до 21 година е резултат на тоа како се работело во последните десет години. Нема да се залажуваме, реалноста е таква, затоа не ја укинавме и У15 туку ја реорганизиравме со цел за подобар развој, играат повеќе натпревари“, изјави Христов.