Ливерпул се опорави од шокот против Сити: Астон Вила оди кон Чемпионшип (ВИДЕО)

Ливерпул им се врати на победите по дебаклот од 4-0 против Манчестер сити и денеска на „Енфилд“ славеше со 2-0 против Астон Вила во рамки на 33.коло.

„Црвените“ победата ја обзбедија во последните 20 минути од натпреварот. Прво Садио Мане погоди во 71-та минута и за него тоа беше 20-ти погодокц сезонава. Интересно, Сенегалецот трета сезона по ред постигнува најмалку 20 голови во Премиерлигата.

Точка на триумфот на новиот анлиски шампион стави младиот Куртис Џоунс во 89-тата минута.

Астон Вила со овој пораз останува во опасната зона на 18-тото место со 27 бодови.