Ливерпул ја најде замената за Кутињо во Аталанта

Филипе Кутињо премина во редовите на Барселона за 160 милиони евра, па сега Ливерпул ги разгледува можностите кој ќе го замени на „Енфилд“.

Англиските медиуми пишуваат дека „црвените“ би можеле да тргнат по капитенот и најдобриот фудбалер на Аталанта, Алехандро „Папу“ Гомез. 

Аргентинецот минатата сезона блескаше со 16 голови на 36 натпревари и би можел да биде добра замена за Кутињо, бидејќи може да игра и како крило, но и како полушпиц. Оваа сезона Гомез има четири голови во Серија А на 18 натпревари.

Ливерпул е подготвен да понуди 53 милиони фунти за 29-годишниот фудбалер, кој можеби не е голема ѕвезда, но е фантастичен играч.