Ливерпул и Леверкузен си подадоа рака, Вирц се сели на Енфилд!

Падна договор, Флоријан Вирц од наредната сезона ќе го носи црвениот дрес на Ливерпул откако двата клуба денеска конечно постигнаа договор.

Ливерпул на Леверкузен ќе му плати 150 милиони евра со вклучени бонуси.

Вирц уште пред две недели постигна договор за личните услови со Ливерпул.

Се очекува во наредните денови Германецот да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот со Ливерпул.

Интерес за Вирц имаше од речиси сите гиганти, но Ливерпул беше најконкретен и успеа да ја добие битката за неговиот потпис.