Лингард ќе продава заштитни маски и парите ќе ги донира во хуманитарни цели

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, пронајде начин како да заработи пари за време на пандемијата на коронавирусот.

Лингард пред неколку дена на својот профил на Инстаграм откри дека направил голем број заштитни маски, кои го носат логото на неговиот бренд.

Фудбалерот на Јунајтед откри дека една маска чини 12 фунти, но дека цела заработка ќе ја донира во хуманитарни цели, односно на болниците во Англија.

„Се надевам дека сте добри и безбедни. Од 15 јуни во продажба се заштитните маски кои го имаат мојот заштитен знак“, кажа Лингард.