Лил е лекот за ПСЖ: Шампионот му зема уште еден трофеј на богаташот – Суперкупот (ВИДЕО)

Очигледно Лил е лек за богаташот Пари Сен Жермен откако изминатата сезона го изненади апсолутниот фаворит, па му ја зема шампиоснаката титула, ама и на стартот на новата на парижаните им зема трофеј – Суперкупот.

Лил победи денеска во суперкуп-мечот во Франција, како најава за стартот на новата сезона во Лига 1, која почнува идниот викенд, а шампионот триумфираше со 1-0 со голот на Ксека на крајот на првото полувреме на асистенција на Бурак Јилмаз.

ПСЖ летово донесе еден куп ѕвезди, но само најскапиот бек Ашраф Хакими играше од почеток, а потоа во игра влезе и Џорџино Вајналдум, додека ги немаше Џиџо Донарума и Серхио Рамос, со кои екипата на Маурисио Покетино ќе биде еден сосема поинаков тим.