Лидс официјално му се извини на Дерби поради шпионот на Биелса

Легендарниот Марсело биелса пред мечот од 27. коло во Чемпионшип-лигата призна дека испратил шпион на тренингот на Дерби каунти.

Лидс испрати официјално соопштение и му се извини на противникот поради потегот на нивниот тренер.

„По изјавата на Биелса, управата на клубот реши да разговара со тренерот и да го потсети дека интегритетот и искреноста се вредности на кои е граден Лидс. Нашиот сопственик Андреа имаше состанок со првиот човек на Дерби, Морис и официјално се извини за постапката на нашиот менаџер“, пишува во соопштението на клубот.