
Лидс не се откажува од нашиот Алиоски – му испрати уште една понуда!
Премиерлигашот до Премиер лигата го испрати списокот фудбалери на кои не смета во иднина, а меѓу нив го нема Македонецот, кој, пак, се наоѓа во делот на играчи на кои им е понуден нов договор. Со тоа се само потврдени најавите дека Лидс направил уште еден обид да го задржи својот одличен дефанзивец за во следниот период, без разлика што тим беше поврзуван со повеќе европски екипи.
Алиоски беше најблиску до Галатасарај, но таа опција станува сѐ понереална, што, пак, ги зголеми шанските на англискиот тим да дојде до неговиот потпис. Како што во моментов стојат работите, најреално е да се очекува дека репрезентативенот на Македонија ќе го почека настапот на Евро 2021 (11 јуни-11 јули), па дури потоа ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата.