Испиша историја за Арсенал во ЛШ, а Арета ќе го продаде во јануари?!

Медиумите на Островот денеска пласираа изненадувачка вест, Габриел Мартинели би можел да го напушти Арсенал и тоа уште во јануари.

Според тврдењата на англиските медиуми, менаџерот Микел Артета донел одлука да го продаде бразилскиот крилен напаѓач. Турскиот новинар Серкан Хамзаолу оди и чекор понатаму, наведувајќи дека Мартинели веќе му бил понуден на турскиот гигант Фенербахче.

„Арсенал одлучи да го продаде Габриел Мартинели и тој му е понуден на Фенербахче, меѓутоа станува збор за скап фудбалер“, тврди Хамзаолу и додава: „

Не знам дали Фенербахче ќе прифати да го донесе, но тој им е понуден“.

Оваа информација доаѓа како големо изненадување, особено ако се земат предвид настапите на Мартинели во Лигата на шампионите. Иако оваа сезона започна само пет натпревари во Премиер лигата, во елитното европско натпреварување стрелаше на последните пет натпревари, со што стана првиот фудбалер во историјата на Арсенал кому му успеало такво нешто.

Доколку гласините за неговата продажба се покажат како вистинити, јасно е дека бројни клубови, несомнено поголеми од Фенербахче, ќе се обидат да ја искористат ситуацијата.

Договорот кој го има Мартинели со Арсенал е со важност до 2027 година.