Поранешен португласки шампион пред целосно згаснување, навивачите се во трка со времето
Поранешниот португалски шампион, Боависта поминнува низ најтешките момент во својат истрија.
Прво беа исфрлени во аматерски ранг, а сега се наоѓаат и пред целосно згаснување. Имено, судот донесе одлука според која Боависта мора до крајот на следната недела да уплати 55.000 евра, а ако не го направат тоа ќе следи целосно згаснување.
Соочени со такво црно сценарио навивачите ги преземаа работите во свои раце и започнаа акција со цел да ги соберат потребните средства.
Медиумите пренесуваат дек акцијата добро тргнала, меѓутоа времето е кратко и прашање е дали ќе успеат.
Инаку, овој клуб не се соочува првпат со проблеми, пред неколку години исто така беа исфрлени во понизок ранг, но тогаш брзо се вратија. Сепак, сега ситуацијата изгледа како многу потешка.
Најголемиот успех Боавистина го направи во 2001 година кога сензационално стигнаа до титулата пред Спортинг, Бенфика и Порто.