Jaпонец намерно добивал картони - суспендиран е на седум години!
Покрај него уште тројца фубалери (Макартур, Клејтон Луис и Керин Баку), добија суспензии од најмалку четири години поради вмешаност во местење на натпревари со добивање на картони.
Јапонецот, Данзаки во август бил осуден и парично казнет заедно со аматерскиот играч Јута Хирајама поради измама во обложување на жолти картони. Хирајама уплаќал облози дека Данзаки намерно ќе добива јавни опомени за време на натпреварите.
На Данзаки и Хирајама им е изречена седумгодишна забрана, која важи ретроактивно од 1 јуни, датумот кога им беа изречени привремени суспензии без утврдена вина.
Во септември, Бакус и Луис првично добија условни казни во траење од две години, слични на обврска за добро однесување, со што избегнаа осудителни пресуди откако ја признаа вината за коруптивно однесување со кое се влијаело врз исходот на спортско обложување.
Двајцата признаа дека од поранешниот капитен на клубот, Улисес Давила, добиле по 10.000 австралиски долари (околу 6.600 американски долари) за намерно да добијат жолти картони на натпревар одигран во декември 2023 година.
Фото: EPA