Тер Штеген доаѓа во Англија, но нема да потпише за Челси

Светскиот клупски шампион Челси некое време го следеше германскиот голман Марк Андре Тер Штеген, кој е блиску до преселба во Англија, меѓутоа не во редовите на гигантот од „Стемфорд Бриџ“.

Челси полека, но сигурно почна да се откажува од Тер Штеген во изминатите месеци поради добрата форма на Роберт Санчез, па тоа сака да го искористи Астон вила.

Тер Штеген наводно во јануари ќе го облече дресот на екипата од Бирмингем, затоа што не е во плановите на тренерот Ханси Флик во Барселона.

Германскиот чувар на мрежата стана трет избор на Флик, по доаѓањето на Жоан Гарсија и Војчех Шчесни.