ВАР му поништи гол на Миовски: Ренџерс го загуби дербито со Хартс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренџерс беа поразени во дербито против Хартс со 1-2 во 18. коло од шкотскиот шампионат, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер и погоди, но ВАР-технологијата му го поништи голот.

Миовски постигна гол во 10. минута, но ВАР-системот веднаш му ја скрати радоста, откако процени дека бил во недозволена ситуација.

Хартс потоа во рок од неколку минути успеаја преку Стуарт Финдлеј и Лоренс Шенкленд да постигне два погодоци за предност од 2-0.

Македонскиот напаѓач беше заменет во 74. минута од мечот, а потоа Ренџерс во судиското надополнување намали на 1-2.