Шишковски одбрани пенал, но Борац загуби од Зрињски (ВИДЕО)

Борац Бања Лука го загуби дербито против Зрињски (0-1), иако македонскиот голман Дамјан Шишковски успеа да одбрани еден пенал.

Шишковски му одбрани удар од белата точка на Матеј Шакота, но одбиената топка стигна до истиот фудбалер кој потоа ја затресе мрежата на Борац затоа што премногу бавна беше одбраната на домашниот тим.

Екипата на Шишковски останува на првата позиција во домашниот шампионат со 43 бодови, додека Зрињски има три поени помалку.