Леверкузен повторно очаен: Фрајбург ја освои „Бај Арена“ (ВИДЕО)

Баер Леверкузен загуби со 1-2 на домашен терен од Фрајбург во рамки на 23. коло во Бундеслигата. 

Сите возбудувања беа во второто полувреме. Гостите поведоа набрзина со 0-2 во рок од само шест минути (50-та и 61-ва) преку Ермедин Демировиќ и Лукас Холер. Домашниот тим успеа само да го ублажи поразот преку Лион Бејли во 70-тата минута.

Леверкузен на последните шест натпревари во Бундеслигата има три порази, две ремија и само една победа, па затоа се наоѓа на шестата позиција на табелата со 37 бодови, Фрајбург е осми со 34 бодови.