Левандовски го има промашувањето на кариерата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн водат со 1-0 по првото полувреме против Франкфурт во полуфиналниот натпревар од Купот на Германија.

Баерн можеше да има и поубедливо водство доколку Роберт Левандовски ја реализираше голмата шанса која му се укажа на стартот од мечот, но наместо тоа го имаше промашувањето на кариерата.

Стрелец на единствениот гол засега е Иван Перишиќ во 14. минута.