Легендарниот Иниеста најави крај на кариерата - на 40 години му здодеа фудбалот!

Поранешниот шпански репрезентативец, Андрес Иниеста, реши на 40-годишна возраст да стави крај на својата играчка кариера, пишува шпанскиот весник Марка.

Тој денеска преку социјалните мрежи објави дека ќе ѝ се обрати на јавноста на 8 октомври во Барселона, кога ќе ја потврди веста за пензионирање и ќе ги најави своите следни планови.

Иниеста кариерата ја почна во Албасете, а потоа играше за Барселона од 1996 до 2018 година, со која освои дури 29 трофеи. Потоа играше за јапонскиот тим Кобе (2018 до 2023), а минатата сезона беше член на клубот Емирати од ОАЕ. Легендата за шпанската репрезентација во периодот од 2006 до 2018 година одигра 131 натпревар и постигна 13 голови. Со „црвената фурија“ триумфира на Мундијалот во 2010 година и на Европските првенства во 2008 и 2012 година.