![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2021/11/30/163948-legenda-na-baern-grmi-ne-e-fer-levandovski-ja-zasluzhi-zlatnata-topka.jpg?itok=Hbd_Iu2v)
Легенда на Баерн грми: Не е фер, Левандовски ја заслужи „Златната топка“!
Полјакот минатата година ги освои сите трофеи, но не успеа да го одбрани само пехарот во Лигата на шампиони, но секако статистиката беше на негова страна.
Меси, од друга страна, ја предводеше Аргентина до титулата на Копа Америка и тоа најверојатно пресуди во трката, но легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус не е среќен поради изборот.
„Искрено, повеќе не ми е јасно и не е фер. Со голема почит до Меси и останатите фудбалери, но никој не ја заслужи оваа награда повеќе од Левандовски. За нас, ти си најдобар!“, кажа Матеус.