Лече ја запре победничката серија на Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус неочекувано киксна на гостувањето кај Лече (1-1) во рамки на деветтото коло од италијанската Серија А.

Лече одигра навистина солиден меч, па успеа да го изненади големиот фаворит, кој напаѓаше во текот на целиот меч, а во 50. минута преку Пауло Дибала стигна до водство од 1-0.

Сепак, шест минути подоцна Марко Манкосу успеа од пенал да израмни на 1-1 и до крајот на мечот домаќините успешно ја чуваа својата мрежа пред налетите на италијанскиот шампион.

Јувентус по девет одиграни кола се наоѓа на прво место со 23 бода, односно два повеќе од Интер, кој има одиграно натпревар помалку.