
Лапорта: Рајот за мене е место на кое Барса на секои пет минути му дава гол на Реал!
Лапорта со изјавата не само што ја истакнува љубовта кон Барселона, туку тој ја потенцира и омразата кон Реал Мадрид.
„Верувам во Бог, тој ми помага да верувам иако не сум практичен католик. Рајот за мене е место каде на секои пет минути Барса му дава гол на Реал Мадрид. Ако Бог постои, тој е фан на Барселона“, рече Лапорта.
Ваквата изјава предизвика реакции на социјалните мрежи, фановите на Реал Мадрид ја потенцираат опседнатоста на Барселона со кралскиот клуб.