„Лапорта направи сѐ, јас сакав да останам, но не можам поради Ла Лига“

Лионел Меси си заминува од Барселона како слободен фудбалер, а на прес-конференцијата најпрво се збогуваше со навивачите и останатите лица од клубот, по што одговараше на прашањата на новинарите.

Еден од новинарите го праша дали претседателот Жоан Лапорта направил сѐ за да го задржи во каталонскиот гигант.

„Лапорта и клубот се обидоа да потпишеме договор, тие направија сѐ, но не можевме поради Ла Лига. Минатата година не сакав да останам во Барселона и тоа го кажав, но сега сакав да останам и не можев поради Ла Лига“, кажа Меси.