Лајпциг се прошета низ Дизелдорф за скок до врвот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Лајпциг е незапирлив во германската Бундеслига, а тоа го покажува и нивната победничка серија од шест меча, која продолжи денеска против Фортуна Дизелдорф (3-0).

Лајпциг имаше полесна задача од очекуваното во Дизелдорф, а првиот погодок на мечот го постигна уште во втората минута преку Шик.

Гостите доминираа против Фортуна, па постојано се редеа шанси кон нивниот гол, а по вторпат мрежата на Дизелдорф беше затресена во 58. минута од пенал, кога Вернер беше непогрешлив.

Домаќините речиси и да немаа шанса во второто полувреме, па конечните 3-0 ги постави Лајпциг во 75. минута, па така се искачи на врвот на Бундеслигата со 33 бодови додека зад нив се наоѓа Борусија Менхенгладбах со 31 бод.

Сите голови и најинтересни шанси од натпреварот може да се погледнат ТУКА.