Лајпциг победи против Сент Паули и ја прекина црната низа (ВИДЕО)

Eкипата на Лајпциг по четири натпревари без триумф денеска славеше победа над Сент Паули со 2-0.

Натпреварот беше одлучен во првите 45 минути кога Лајпциг ги постигна двата гола. Прво Бенџамин Шешко го отвори резултатот по 16 минути игра, а во 35. Минута Симонс зголеми на 2-0, а Шешко беше во улога на асистент.

Остана Лајпциг со фудбалер помалку откако во вториот дел исклучен беше Вили Орбан, но резултатот не се промени.

На табелата во Бундеслигата, Лајпциг има 36 бода и се наоѓа на четвртото место, додека Сент Паули е 14-т со 21 бод.