Кутињо ѝ направи проблем на Барселона

Бразилецот Фелипе Кутињо, кој пред неколку дена премина од Ливерпул во Барселона за 160 милиони евра ѝ направи проблем на каталонската гордост поради својата плата, која според проблемите ќе изнесува околу 14 милиони евра.

Но, проблемот со платата на Кутињо не е поради незадоволство во соблекувалната, за кое пишуваа одредени шпански медиуми, туку поради финансискиот фер-плеј на УЕФА. Барселона длабоко влезе во зоната на оптеретување на буџетот, па сега со Кутињо, буџетот на Каталонците е оптеретен на 87 отсто, што е далеку од прописите на европската централа.

Оптималното оптеретување на буџетот според УЕФА е 60 отсто на годишно ново, но европската централа дозволува и најмногу до 70 отсто. Сето ова значи дека Барселона ќе треба да се ослободи од неколкумина скапоплатени ѕвезди за да стигне под црвената линија и да не се соочи со некаква санкција од Нион.

Според математиките, бруто-платата на Кутињо е помеѓу 20 и 25 милиони евра, па сега Каталонците треба да се ослободат од Арда Туран, кој е на чекор до трансфер во Башакшехир, потоа Хавиер Маскерано, како и Видал, Делофеу и Андре Гомеш.

Инаку Барселона е прв фудбалски тим, кој има осум милиони евра просек за годишна плата во светот, а само НБА-франшизите Оклахома, Кливленд и Голден Стејт имаат поголеми плати за своите играчи на годишно ниво.