Кутињо не можеше да ја добие „десетката“, па го одбра бројот на Јохан Кројф

Филипе Кутињо во Ливерул ја носеше „десетката“, но во Барселона тој број нормално го има Лионел Меси.

Бразилецот сепак повторно одбра легендарен број кој во минатото му припаѓаше на еден од најголемите фудбалери на овој клуб Јохан Кројф.

Кутињо ќе го носи дресот со бројот 14, кој порано освен Кројф, го носеше и Тјери Анри. Оваа сезона бројот 14 на својот дрес го има Хавиер Маскерано, но Аргентинецот зимава заминува во Кина.