Куртоа трагичар: Реал Мадрид прокоцка триумф против Вилјареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид има за што да жали по ремито на гостински терен кај Вилјареал (1-1) во 10. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ имаа рано водство, откако во втората минута Мариано Дијаз постигна гол за предност од 1-0. Домаќинот се обиде да израмни, но не успеаа во намерата.

Во вториот дел Тибо Куртоа направи пенал, по што беше казнет од пенал во 76. минута. Морено со удар од белата точка погоди за 1-1.

Реал Мадрид по девет одиграни меча се наоѓа на четвртата позиција со 17 бодови, колку што има и Атлетико Мадрид на трето место. Пред нив се Вилјареал со 19 и Реал Сосиедад со 20 бодови.