Куман се договори со Лапорта и ќе ја испразни касата на Барселона

Роналд Куман неодамна доби отказ од Барселона, но нема многу да тагува по каталонскиот гигант затоа што ќе добие огромна сума на пари како отштета за прекинот на договорот.

Холанѓанецот требаше да добие 12 милиони евра од страна на Барселона затоа што имаше договор на уште две години, но по преговорите со претседателот Жоан Лапорта, тој решил да им прости два милиони евра на Каталонците.

Барселона на Куман до крајот на 2021 година треба да му плати 10 милиони евра, а отштета ќе добијат и неговите помошници кои добијат откази.

Ова е уште еден финансиски удар за Барселона, која од почетокот на пандемијата на ковид-19 се наоѓа во сериозни проблеми.