Кулушевски со гол и асистенција го расплака Наполи (ВИДЕО)

Наполи ја продолжи очајната форма во италијанската Серија А, па денеска загуби на домашен терен против Парма со 1-2 во 16. коло.

Дејан Кулушевски донесе водство за гостите по четири минути игра, односно грешката на Калиду Кулибали, по што на полувреме Парма замина со минимално водство од 1-0.

Во второто полувреме Аркадиуш Милик успеа да израмни на 1-1 и да ја врати надежта на домаќините за целосен пресврт, сепак нов шок следеше во 93. минута кога Жервињо ги постави конечните 2-1.

Наполи по 16 одиграни кола се наоѓа на осмото место со 21 освоен бод, а Парма е седмопласирана со 24 бодови.