Куцка донесе три бода за Парма против Сампдорија (ВИДЕО)

Парма се врати на победничките патеки по поразот од Милан минатото коло пред своите гледачи. Денеска овој тим славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Сампдорија. 

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Јурај Куцка во 21-та минута по асистенција на Ернани. Фабио Квалјарела можеше да го израмни резултатот во 77-та минута, но не реализираше пенал, а Парма ги однесе сите три бода.