
Крос и Милитао го матираа Кадиз: Реал Мадрид ја прекина лошата низа во Ла Лига (ВИДЕО)
„Кралевите“ до гол стигнаа во 40. минута од натпреварот, кога Едер Милитао со глава ја затресе мрежата на гостинскиот состав за предност од 1-0, по што германскиот фудбалер Тони Крос во 70. минута испрати одличен удар од работ на казнениот простор и зголеми на 2-0, додека Кадиз намали на 1-2 преку Лукас Перез во финишот.
Реал Мадрид со 11. победа оваа сезона стигна до 35 бодови во Ла Лига и се наоѓа на втората позиција, односно има два бода помалку од Барселона.