Кристанте во 95. минута донесе победа за Рома во меч кој почна на 14. април, а заврши денеска! (ВИДЕО)

Рома со 2-1 го победи Удинезе на негов терен во мечот кој почна на 14. април, а заврши денеска кога се играа последните 18 минути од натпреварот.

Тогаш мечот беше прекинат во 72. минута откако дефанзивецот на Рома, Ендика колабираше на теренот. Денеска се одиграа преостанатите минути.

Денешниот остаток од мечот почна со резултат 1-1, се чинеше дека така и ќе заврши, но по еден корнер во 95. минута, Кристанте погоди со глава за победа на Рома од 2-1.

Ова беше и деби на Фабио Канаваро на клупата на Удинезе, необично деби за легендата на италијанскиот фудбал.