„Кралот“ на колена среде „Бернабеу“: Бетис шокантно го победи Реал во 94-та минута (ВИДЕО)
Мадриѓаните пред три дена го израмнија рекордот на бразилскиот клуб од 73 меча на кои последователно даваат барем еден погодок, и вечерва се очекуваше „кралевите“ да бидат рекордери. Плус на теренот се врати и Кристијано Роналдо по суспензијата од четири меча, но сето тоа не беше доволно. Бетис ги изненади, на „Сантијаго Бернабеу“ не само што успеа да се одбрани, туку и со гол во судиското надополнување ги шокира навивачите на Реал.
Антионио Санабрија со глава ги матираше „кралевите“ по брзиот противнапад и еден перфектен центаршут од Бараган.
За Реал ова е прв пораз, а има и две ремија во пет меча, па сега мадридскиот великан е на седум бода помалку од големиот ривал Барселона, која е со максимален ефект со 15 бода.