Крај на црната серија: Виљареал го истури гневот врз Еспањол

Фудбалерите на Виљареал конечно им се вратија на победите во шпанската Ла Лига, откако вечерва на домашен терен триумфираа со 4-1 против Еспањол во 23. коло од шампионатот.

Ел Хилали рано ги шокираше домаќините, откако погоди во 12. минута, но набрзо интервенираше ВАР-технологијата и му го поништи голот.

„Жолтата подморница“ веднаш тргна во офанзива, па набрзо постигна гол преку Микаутаѕе за водство од 1-0, а потоа предноста ја зголеми Салинас со автогол.

Виљареал притискаше и во вториот дел, па постигна погодоци преку Пепе и Молеиро за водство од 4-0 во 55. минута.

Еспањол до крајот на средбата успеа преку Кабрера да постигне почесен погодок и да намали на 1-4.

Виљареал е на делба на третата позиција со Атлетико Мадрид со по 45 бодови, додека Еспањол е на шестото место со 34 бода.

Фото: Facebook/Villarreal CF