Кошмар за ПСЖ: Дуе го снајде истото сценарио како Кварацхелија!? (ВИДЕО)

Само еден месец откако Квича Кварацхелија ги скина предните вкрстени лигаменти, францускиот гигант ПСЖ може да остане без уште еден важен фудбалер. Дезире Дуе доживеа сериозна повреда на десното колено на гостувањето против Ница и беше изнесен од теренот на носилки.

Непријатната сцена се случи во 39. минута, при обидот да ја заштити топката, ногата му се свитка во незгодна положба, без притоа да има контакт со противнички фудбалер.

Во Париз со голема загриженост ги очекуваат резултатите од медицинските прегледи. Постои стравување дека станува збор за повреда на предните вкрстени лигаменти, што би значело повеќемесечна пауза.

Во текот на денот се очекува и официјално да бидат познати деталите за повредата на Дуе и колку ќе паузира надвор од терените.