Короната му ги урна плановите на Манчестер јунајтед за контролка со Стоук

Англискиот великан Манчестер јунајтед требаше денеска да одира пријателски меч со Стоук како подготовка за рестартот на сезоната во Премиерлигата, ама дуелот во „пет до 12“ е одложен. Причина – коронавирус!

Според информациите на англиските медиуми, фудбалерите на „црвените шаволи“ во тренинг-базата Керингтон се подготвувале за да го одиграат мечот со Стоук, кога од противничкиот табор им стигнала лоша вест.

Еден фудбалер на Стоук бил позитивен на Ковид-19 и тоа откако експресно биле тестирани при доаѓањето во тренинг базата на Јунајтед. Фудбалерот бил изолиран, а за среќа никој од Јунајтед немал контакт со нив.

Англиската Премиерлига својот рестарт ќе го има на 17 јуни.