Короната го закачи и Јувентус: Двајца позитивни во таборот на италијанскиот првак!

После ерупцијата на зараза од коронавирус во Џенова, која го одмина Горан Пандев, но го закачи Елиф Елмас пред историскиот меч со Косово во четврток, ковид-19 не запира да ги напаѓа клубовите на Апенините, па после Аталанта, денеска има двајца позитивни и во италијанскиот првак Јувентус.

Јувентус објави дека два члена се позитивни на ковид-19 и целиот тим е ставен во изолација, а два фудбалери Елмас и Пјотр Зиелински од Наполи се исто така заразени, во пресрет на утрешното дерби од 20.45 часот, па сега под знак прашалник се доведува одигрувањето на мечот.

Уште утринава Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи имал телефонски разговор со колегата Андреа Ањели околу опцијата да се одложи дербито по новата експлозија на короната во Калчото, но засега од Серија А нема таква одлука, која најави дека мечевите ќе се играат ако клубовите имаат 13 здрави и негативни играчи меѓу кои и еден голман, потенцирајќи дека само во случајот со Џенова ќе направат отстапка.