Корона-кризата ги турка во пропаст: Австриски великан пред згаснување

Австрискиот великан Австрија Виена се наоѓа буквално пред згаснување поради кризата со коронавирусот, која предизвика тешка финансиска состојба во клубот, а целиот хаос кулминира откако главните спонзори го напуштија клубот.

Да е маката поголема Австрија Виена објави дека од минатата сезона заглавила во минус за 18,88 милиони евра, а плус актуелната состојба на буџетот е во минус, зашто се должи 11,9 милиони евра на камати, отпис на долгови и даноци.

Сега раководството е пред огромен предизвик како да го спаси клубот од тотална пропаст, најавувајќи дека ќе направат сѐ за да не се доведе клубот во ситуација да исчезне од фудбалската карта. Раководството најавило дека ќе бара начини да се излезе од кризата, а во најголем дел прва опција за спас им е да го распродадат тимот, барем фудбалерите од кои може добро да заработат, а плус со излез во Европа да ја пополнат дупката во финансискиот дел.

Австрија Виена е еден од клубовите со најголема традиција.