Конте збесна од новинарско прашање: Дали се шегувате со мене, какво е ова ср*ње? (ВИДЕО)

По подолго време екипата на Интер забележа убедлива победа, откако во рамки на 29. коло ја совлада Бреша со 6-0, и на тој начин ја врати довребата кај навивачите кога е во прашање борбата за титулата во Серија А, иако таа е речиси во рацете на актуелниот браниетел, тимот на Јувентус.

Сепак, тренерот на Интер, Антонио Конте, по мечот беше видно изреволтиран од едно новинарско прашање. Се однесуваше на Алексис Санчез. Напаѓачот кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед докажа дека заслужува повеќе минутања од Антонио Конте, откако придонесе за овој убедлив триумф со гол и асистенција, што беше доволен мотив да го „пецнат“ италијанскиот стратег на оваа тема.

Тренерот на Интер полуде поради тоа: „Чекај, дали се шегуваш со мене? Навистина ме засмејуваш со тоа прашање. Па дали Санчез играше од првата минута денес, како и на мечот против Сасуоло во неделата? Какви ср*ња се ова?“.

Санчез со голот од пенал стана четвртиот играч на Интер кој погоди од белата точка оваа сезона.

Интер исто така може да се пофали дека сите шест гола ги постигнале различни играчи. Тоа не му се случи од 2003 година и мечот со Реџина.

Интер има осум бода помали од лидерот Јувентус на девет кола до крајот на сезоната и се наоѓа на третото место на табелата во Серија А.