Клоп: Пијте што сакате, ама спремете се шампионска забава кога го*ното од вирус ќе си замине!

Германскиот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп имаше посебна порака за навивачите на „црвените“ после официјалното крунисување на англискиот великан за нов владетел на англискиот фудбал.

Ливерпул после 30 години официјално го врати на „Енфилд“ загубеното богатство, но Клоп и неговите избраници не можеа да се израдуваат на долго очекуваниот трофеј заедно со своите навивачи.

Се радуваа на славниот „Коп“, пред празни трибини, иако пред стадионот навивачите се собраа да прослават и повторно ги налутија сите на Островот поради кршењето на мерките за заштита од коронавирусот. Ливерпул ќе почека на шампионската забава, но Клоп и раководството ветија дека тоа ќе се одржи кога ситуацијата ќе се смири, а сега Германецот им го порача тоа повторно.

„Пијте што сакате, ама ќе мора да се подготвите за забавата кога ова го*но од вирус ќе си замине“, рече Клоп.