Клоп: Дадовме 38 милиони евра, но никој не очекуваше дека Салах ќе биде волку добар
Клоп вели дека не е изненаден од тоа што Салах брзо се адаптирал на играта на Ливерпул, но призна и дека не очекувал дека ќе игра вака добро.
„Не сум изненаден од тоа што Салах брзо се прилагоди. Беше со нас во текот на целата претсезона, па имаше време да се привикне. Плативме 38 милиони евра за него, но не очекувавме дека ќе игра вака добро. Играше порано и во Челси, но тогаш беше дете, а сега има многу повеќе искуство“, изјави Клоп.