Кикс на Баер, Баерн има отворен пат кон титулата

Актуелниот шампион на Германија одигра без голови на домашен терен против Унион Берлин во 29. коло од Бундеслигата и направи голем чекор назад во борбата за одбрана на трофејот.

Иако беа големи фаворити, „фармацевтите“ не успеаја да го скршат гостинот и покрај тоа што имаа 75% посед на топката и упатија 17 удари кон противничкиот гол. Дури во првото полувреме Унион Берлин ја затресе мрежата на Баер, но голот беше поништен поради офсајд.

Со натпревар повеќе, Баер сега заостанува пет бода во однос на лидерот Баерн кој со евентуална победа попладнево во дербито со Борусија Дортмунд може да направи недостижна предност.