![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/11/248215-katastrofalen-sudiski-previd-mu-ovozmozhi-vodstvo-na-inter-protiv-fiorentina-foto.jpg?itok=4h5bSD7T)
Катастрофален судиски превид му овозможи водство на Интер против Фиорентина (ФОТО)
Натпреварот на Сан Сиро го одбележа катастрофалниот превид на судиите и ВАР собата при постигнувањето на првиот гол на Интер. Во акцијата што му претходеше на погодокот, топката очигледно излезе надвор од теренот, но никој од официјалните лица не го забележа тоа, па во продолжение Интер доби корнер од кој Лаутаро шутираше, а Понграчиќ си постигна автогол.
Во вакви случаи, главниот судија ее немоќен бидејќи нема гол-технологија на аут и гол-аут линиите, додека ВАР не реагира кога топка ќе излезе надвор од теренот, а притоа не е постигнат гол. Грешката оди на душа на помошниот судија кој требало да забележи дека топката излегла од теренот и тоа не малку, туку најмалку десетина сантиметри.
Тренерот на Фиорентина, Рафаеле Паладино жестоко реагираше по натпреварот, а грешката ја призна и неговиот колега од спротивната страна Симоне Инзаги кој рече дека топката навистина го напуштила теренот.