Каталонија воодушевена: Меси ќе игра во Барселона уште пет години

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, минатиот петок имаше гостување во една шпанска ТВ емисија, каде зборуваше за низа теми, вклучувајќи ја и иднината на Лионел Меси, како и главниот тренер Ернесто Валверде.

Според неговите зборови, Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“ и во наредните 4-5 години. 

Во текот на следните две - три сезони наш лидер ќе остане Лео Меси. Нема сомнение дека тој сеуште е млад, силен, а и неговата амбиција е голема. Ќе остане со нас и во наредните две, три, четири до пет години. Не се сомневам во тоа. Договорот на него му завршува во 2021 година. Но, сигурно ќе има желба за продолжување на соработката од двете страни, на неопределено време. На крајот на краиштата, тој е оној кој ќе одлучи, има право да каже кога сака да ја заврши какриерата. И, како што рече пред неколку недели, тој сака да ја заврши фудбалската кариера во Барселона. Откако ќе стави крај на професионалната кариера, се надевам дека ќе остане во тимот цел живот. Не верувам дека некој друг ќе може да одговари на неговите достигнувања или неговите рекорди, истакна Бартомеу.