
Касано: Од фудбалот на Мурињо ми се повраќа!
Касано зборуваше за италијанските медиуми и удри по Португалецот за кој смета дека никогаш не бил голем тренер.
„Мурињо никогаш не беше голем тренер. Само знаеше како да излезе на крај со новинарите. Добар е во водење на големи фудбалери и лесно станува пријател со нив, меѓутоа од неговиот фудбал ми се повраќа. Рома воопшто не игра добар фудбал“, вели Касано.
Рома во моментов се наоѓа на третата позиција во Серија А по 21 одиграно коло и има 40 бодови.