
„Канте не го интересираат скапи автомобили и облека, а телефонот му е стар 10 години“
Ѕвездата на Челси, Каи Хаверц во разговор со англиските медуми кажа што мисли за неговиот колега, кој заработува 300.000 евра неделно.
„Постои таа слика на модерни фудбалери, кои уживаат во скапи работи, но запознав и фудаблери кои не трошат пари. Еден од нив е Канте. Тој има ист телефон веќе 10 години, не го интересираат автомобили и облека“, вели Хаверц.