
Калдерон откри: Зидан не му беше прва опција на Перез!
Калдерон вели дека Перез, наводно, сакал да го врати Жозе Мурињо на тренерското место, но фудбалерите на Реал Мадрид биле против таа идеја.
„Соблекувалната се побуни против таа идеја. Сите знаат каков Реал остави Мурињо зад себе, со многу проблеми, уништена атмосфера... Лидерите на Реал не сакаа такви работи повторно да се случуваат. Искрено мислам дека враќањето на Мурињо би значело неколку чекори назад за Реал, најмногу поради сите проблеми и контроверзи кои доаѓаат во пакет со Португалецот. Перез беше прва опција, но сепак изборот падна на Зидан“, вели Калдерон.