Јувентус утре добива расен напаѓач – сите детали се веќе договорени (ФОТО)

По повеќе од едномесечна потрага, управата на Јувентус, конечно, пронајде квалитетен напаѓач и тоа во својот поранешен фудбалер, Алваро Мората, кој утре треба да пристигне во Торино да ги финишира сите детали околу договорот.

Според информациите од Италија, шпанскиот интернационалец ќе дојде од Атлетико Мадрид на позајмица, за која бјанконерите ќе платат девет милиони евра, со опција по крајот на сезоната да го откупат за сума од 45 милиони евра. Јувентус ако не сака трајно да го ангажира, ќе може да ја продолжи позајмицата за уште една сезона.

Мората настапуваше за Јувентус во периодот од 2014 до 2016 година, кога постигна 15 голови на 63 одиграни средби и кога беше соиграч со новиот тренер на овој тим, Андреа Пирло.