Јувентус потврди: Де Лихт сака да оди во Премиерлигата

Матијс де Лихт по три сезони летово ќе го напушти Јувентус, а тоа го потврди и претседателот на клубот Маурисио Аривабене. 

Холанѓанецот привлекува интерес од три гиганти од Премиерлигата. 

„Во денешено време е невозможно да задржиш фудбалер, ако тој сака да си замине. Не е секогаш само за парите и ако некој сака да си оди, не можете да му кажете, 'ок, оди си'. Тешко е да се задржи фудбалер, но сите тие кои седат на преговарачката маса мораат да бидат задоволни. Тој што има пари, тој победува“, изјави Аривабене за „Газета дело спорт“, кога беше запрашан за ситуацијата со Де Лихт.

Стоперот дојде во Торино во 2019 година за обештетување од 85 милиони евра. Во својот договор има откупна клаузула од 120 милиони евра. Засега најголем интерес за Де Лихт има од Челси, но во трката за неговиот потпис можат да се вклучат и Манчестер јунајтед и Манчестер сити.