Јувентус крева раце од Хрватот: Манџукиќ се сели во Бундес!
Според изворот, 33-годишниот Хрват може да ја продолжи кариерата во германскиот шампионат. Претходно беше објавено дека Монако е заинтересиран за Манџукиќ, но самиот напаѓач сака да се врати во Баерн и повторно да заигра со сонародникот Иван Перишиќ. Манџукиќ играше за Баерн настапуваше во периодот 2012 – 2014 година.
Минатата сезона Хрватот на 33 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и забележа седум асистенции.